Покрај RCZ и RCZ HYBrid4, во Франкфурт ќе дебитираат уште два нови “лава“ - 5008 и 3008 HYBrid4
Новата 5008-ка спаѓа во класата на едноволумени и ја дополнува и онака богатата понуда на Peugeot во оваа класа. Што се однесува пак до хибридниот концепт 3008 Hybrid4, кај него, идентично како и 308 RCZ HYBrid4 за кого претходно пишувавме, имплементирана е најмодерната HDi технологија во комбинација со електромотор. Тој ги задвижува исклучиво задните тркала, а интересно е што дизел моторот (кој пак ги задвижува само предните тркала) и електромоторот можат да работат истовремено па се добива своевидна изведба на погон на сите тркала. Емисијата на CO2 е намалена на само 99 г/км преку примената на најновиот автоматски менувач со шест степени на пренос и Stop & Start технологија.
Планираниот почеток на сериското производство и продажбата на моделот 3008 HYBrid4 е почетокот на 2011 година.
[url=http://koli.com.mk/novosti/peugot_70.html]извор[url]