PeLLuCiD_BoY
Број на мислења : 209 Points : 265 Join date : 2009-07-14
| Subject: Револуција без “р” – Kia Venga Sun Aug 30, 2009 12:18 am | |
| Kia жестоко напаѓа во класите на помали, фамилијарни возила. Прв беше Cee’d, па Soul, а сега е малиот моноволумен Venga, базиран на концептот No.3. Повторно има неспретно име, впрочем како и сите модели на Kia досега, но има ли други адути што би ги премислиле купувачите да не купат Jazz или C3 Picasso? Од надвор не изгледа воопшто лошо – ги следи трендовите што ги воспоставија конкурентите, а го има препознатливиот стил на Kia. Внатре, исто така, изгледа многу подобро од сите други автомобили на овој производител. Таков ентериер би можел да се најде и во некој европски или јапонски автомобил. Корејците велат и дека токму овој автомобил, ќе го редефинира сегментот на најмалите моноволумени. Ветуваат многу простор во внатрешноста и голема функционалност, и покрај должината од само 4,068 метри. Во понуда ќе влезе и атрактивен панорамски покрив, а моторите, бензинецот со 75 и дизелот со 115 КС, ќе ги задоволуваат најстрогите Euro 5 норми за издувни гасови. Треба ли да се спомене дека Venga цели на 5 ѕвездички на краш тестот на EuroNCAP? Сепак, од се што претходно спомнавме, нема ништо револуционерно. Главните конкуренти веќе ги имаат истите адути во ракавот, имаат подобар имиџ и подобро име. Зборот Venga, инаку потекнува од шпанскиот јазик, па Корејците се надеваат дека “европскиот” призвук и ќе им се допадне на жителите на стариот континент. Ние не би се обложиле во тоа… извор | |
|