PeLLuCiD_BoY
Број на мислења : 209 Points : 265 Join date : 2009-07-14
| Subject: Еден поинаков Французин – Citroen DS3 Sun Aug 30, 2009 12:23 am | |
| Citroen остана на ветеното – го лансираше DS3 како сериски модел. Се работи за премиум изведба на С3, односно автомобил кој ќе нуди многу луксуз, забава во возењето и прекрасен дизајн, во мало, компактно пакување. Со овој модел, Citroen директно ги напаѓа Fiat 500, Alfa Mi.To, Toyota iQ и Mini, сегмент кој привлече многу купувачи претходниве неколку години. DS3 секако има адути во ракавот за борба со етаблираните конкуренти – ќе има три силни бензинци со 95, 120 и 150 КС и два дизели со 90 и 110 КС. Големо внимание е обрнато на динамиката на возење, па Французите ветуваат возни својства на ниво на најдобриот во класата, Mini. Голем адут е секако и надворешниот изглед. DS3 изгледа агресивно, но без да изгуби на познатата француска елеганција и грациозност. Истото се забележува и кога ќе се влезе во внатрешноста – изгледа префинето и елегантно, но со потребната доза на спортски стил, кој најмногу им се допаѓа на помладите. Квалитетот на материјалите е врвен, на рамниште на С5, а внатре комфорно ќе се сместат четири возрасни патници. Багажникот ќе изнесува солидни 285 литри, нормално ако во предвид се земе должината од само 3.95 метри. Цената на DS3, нормално ќе биде повисока од таа на С3, но ќе има бесконечно можности за персонализација – ќе се нудат четири различни бои на покривот (црна, бела, сина, црвена), а можат да се нарачаат и различни графики. Ќе има и избор на бои на ентериерот, и тоа на дури 6! А ќе може да се изберат и некои детали во различни бои... извор | |
|