PeLLuCiD_BoY
Број на мислења : 209 Points : 265 Join date : 2009-07-14
| Subject: Пристигнува наследникот на Hyundai Tucson, ix35 Sun Aug 30, 2009 7:03 pm | |
| Само што помисливме дека на дизајнерите им снема имагинација при дизајнирањето на SUV возила, пристигна прекрасниот ix35. Новиот компактен теренец на Hyundai, влегува во клинч со RAV4, Tiguan и CR-V, а го наследува успешниот Tucson. Интересно, презентацијата на моделот се одржа пред саемот во Фракнфурт, каде другите производители треба да ги извадат своите адути. На прв поглед кај ix35 секако паѓа надворешниот дизајн – динамични и спортски линии, агресивен преден дел со остро закосени светла и исто толку налутен заден дел. Капата доле за Hyundai – ix35 изгледа извонредно. Корејците велат дека новиот SUV ќе биде врвен и на другите полиња. Новата платформа треба да овозможи врвни возни својства и добра удобност, а моторизацијата ќе ја сочинуваат турбо бензинецот 1,6 со сила од 166 КС (8,5 литри на 100 km) и економичниот и моќен дизел 2,0 со 184 КС (6,5 литри на 100 km). Ќе се вградуваат и популарните автоматски менувачи со две спојки, кои на сметка на подобрувањето на перформансите, нема да ја зголемат потрошувачката. И покрај сите овие промени, кои корејскиот SUV ќе го донесат во рангот на најдобрите во класата, цената нема значително да се зголеми во однос на Tucson. ix35 ќе биде достапен во Европа од почетокот на идната година. извор | |
|