PeLLuCiD_BoY
Број на мислења : 209 Points : 265 Join date : 2009-07-14
| Subject: Новиот Megane Sedan – Renault Fluence Wed Sep 02, 2009 9:44 am | |
| Лимузинската верзија на Megane, отсега ќе го носи името Fluence. Ќе се произведува во Турција, а инженерите ветуваат многу простор во внатрешноста и голем багажник. Должината на овој флуидно дизајниран седан, изнесува дури 4,62 метри, што е за само 6 сантиметри пократко од Laguna. Базиран е на платформата на Megane, но има поразличен надворешен дизајн. Го красат пред се меки линии, кои делуваат елегантно и префинето. Истото важи и за ентериерот, кој е позајмен од Megane. Единствената разлика ќе биде во просторот. Ако на Megane му недостасува простор за патниците, од Renault гарантираат дека во Fluence нема да биде така. Елегантниот седан ќе нуди рекордно многу простор за колената и за рамената на патниците, како на предната, така и на задната клупа. Најголем адут на Fluence се чини сепак ќе биде багажникот, кој ќе брои извонредни 530 литри! Моторизацијата ќе биде иста како во Megane – бензинци 1,6 со 110 КС и 2,0 со 140 КС, и дизели 1,5 со 85, 90, 105 и 110 КС. Во понудата ќе има пет и шест степени мануелни менувачи, додека за љубителите на автоматските, ќе има безстепен CVT. Извор | |
|