PeLLuCiD_BoY
Број на мислења : 209 Points : 265 Join date : 2009-07-14
| Subject: Официјално претставен 9-5 Fri Sep 04, 2009 12:14 am | |
| Пред околу еден месец излегоа првите фотографии на новиот Saab 9-5, а Швеѓаните во очи на Франкфурт мотор шоуто објавија и поголем број детали врзани за својот автомобил. Новите фабрички фотографии го прикажуваат 9-5 во полно светло, а од техничките детали најинтересен е податокот дека сите мотори во понудата ќе бидат опремени со турбополначи. Saab 9-5 се тркала на GM Epsilon II платформата, иста каква користи и Opel Insignia. Понудата на мотори во почетокот ќе создржи 2.0 турбодизелаши со сила од 160 КЅ, кој ќе емитира само 139 g/km CO2, потоа 2.0 турбобензинец силен 220 КЅ, а врвот на понудата ќе го прави 2.8 V6 турбо со 300 КЅ и 400 Nm, кој доаѓа исклучително со погон на сите тркала XWD. Кратко после лансирањето во продажба, палетата на мотори ќе ја дополни и малиот 1.6 турбобензинец со сила од 180 КЅ, како и 2.0 BioPower мотор кој може да согорува биоетанол Е85. Сите мотори доаѓаат впарени со шестепенски менувачи. Соодветно со традицијата и имиџот на брендот, задржани се пилотските детали како heads-up екранот, кој личи на оние од борбените авиони, а тука е и асаптивното DriveSence подвозје и bi-xenon светлата. Интересно, 9-5 ќе може да се отвори и да се запали без вметнување на клучот во бравата, но заради традицијата, на местото каде што се наоѓала контакт-бравата (меѓу предните седишта), сега е сместен старт/стоп прекинувачот. Без сомнежи, Швеѓаните целеле на самиот врв во класата на премиум седани, а колкав дел од колачот ќе успеат да им земат на реномираните староседелци наскоро ќе видиме. Извор | |
|
Admin Vip Member
Број на мислења : 563 Points : 1099 Join date : 2009-07-12
| Subject: Re: Официјално претставен 9-5 Fri Sep 04, 2009 12:15 am | |
| LOL pelucide bravo daj postiraj kaj drugite temi pisi kaj CS kako se snima demo ovo ono i kaj vicevi.... | |
|