Тенка тастатура со препознатлив квалитет
Компанијата Lenovo, пушти во продажба интересна и необична тастатура, дизајнирана според желбите и feedback-от од корисниците.
Lenovo ThinkPad USB тастатурата е токму тоа што го кажува и самото нејзино име, тастатура е скоро иста со преносниот компјутер Т400 на компанијата.
Компанијата во дизајнот ги почитувше желбите на корисниците односно го понуди чувството на тастатурата на Т400, но го изостави touchpad-от, безжичната верзија како и нумеричкиот дел.
Тастатурата има два отвора за одвод, ако случајно истурите некоја течност, а од Lenovo напоменуваат дека и понатаму постои опција за безжична верзија, зависно од интересот. Цената на оваа тастатура во online продавницата на компанијата изнесува 59$