еве и ја нешто да ви помогнам
Во последно време има премногу корисници на форумов кои пишуваат на латиница, што не изгледа убаво и е тешко за читање.
За да пишувате на кирилица прво треба да имате инсталирано системска кирилица на вашиот компјутер.
Можеби кај некои е направено веќе тоа, но не знаете како да смените. Пробајте вака:
- се менува од англиски на македонски и обратно со ALT + SHIFT
И пробајте да пишете во Ворд или Notepad, Wordpad, било каде. Доколку ви излезат кирилични букви - тогаш вие се океј. А доколку не, целата постапка ќе ја објаснам подолу.
1.Значи вака, прво одете во Control Panel и одберете Regional and Language Options.
2.Откога ќе го отворите Regional and Language Options одберете го табот Languages и кликнете на Details....
3.Наредно ќе ви се отвори Text Services and Input Languages. Кликнете на Add... копчето од десна страна.
4.Сега ќе ви се отвори нов прозорец Add Input Language. Од Input Language паѓачкото мени најдете го FYRO Macedonian и одберете го (е FYRO e јебига).
5.Кликнете ОK и на претходниот прозорец што го отворивте треба да ви се појави [MK] FYRO Macedonian. Доколку го имате тоа, значи имате и системска кирилица. Кликнете повторно OK исто и на наредниот прозорец.
6.Значи, од кирилица во латиница и од латиница во кирилица се менува со копчињата ALT+SHIFT.
Системската кирилица е инсталирана. Jееее!