Најтенок LCD екран
: LG Display презентираше прототип на најтенок LCD екран со дебелина од само 2,6 милиметри. Претходниот рекорд го држеше Samsung, со 3,9 милиметри дебелина на LCD дисплејот.
Овој 120 херцен екран, е со дијагонала од 42 инчи, има LED позадинско осветлување, а може да прикажува полна HD резолуција. Целиот екран со име Extreme Slim. Тежи помалку од 4 килограми, со што телевизорите кои ќе го вградат ќе бидат многу попогодни за закачување на ѕид Сепак за да се случи тоа, т.е. за да се направи телевизор со овој екран, треба прво да се види каде и дали воопшто во овие димензии може да се сместа ТВ тјунер и звучници.
Сериското производство на овие тенки екрани, сеуште е неизвесно кога ке се случи, но можностите на овој уред ќе бидат прикажани на почетокот од 2010 на најпознатиот саем за потрошувачка електроника – CES.