Со однос на страните 32:10 и резолуција 2880х900, CRV43 е како пар
21-инчни монитори поставени еден до друг, веројатно под агол за да се
олесни гледањето. За разлика од нив кај моделот CRV43 проблемот со
оптимален агол на гледање е решен така што екранот е малку искривен.
Покрај
тоа површината на екранот е непрекината без рамки по средината, CRV43
користи “нова и единствена адаптација“ технологија на дигитална
обработка на светлото (Digital Light Processing, DLP) која сликата на
екранот ја создава со помош на четири светлосни извори.
Светлината
на екранот е 200 кандела по квадратен метар, брзината се одзива на 0,02
милисекунди, контрастот е 10.000:1 а динамичкиот опсег е 12 битен. NEC
тврди дека екранот покрива колор gama sRGB 100%, а Adobe RGB gama
99,3%.
За поврзување на располагање се по еден DVI-D и HDMI приклучок. Покрај тоа мониторот располага и со четири USB 2.0 приклучоци.
Димензиите на оваа машина од 20,6 килограми се 105х53х38см.