PeLLuCiD_BoY
Број на мислења : 209 Points : 265 Join date : 2009-07-14
| Subject: Илиовски доминира во Мото Крос Sun Aug 30, 2009 7:07 pm | |
| Македонскиот мотокросист Христијан Илиоски (17 години), како претставник на Мотоциклистичката федерација на Македонија, успеа да го освои првото место и во двете возења, во конкуренција на 27 натпреварувачи од класата МХ2 и МХ2 - јуниор на петтата трка од Источно-Европскиот шампионат во мотокрос која се одржа на 23 август на патеката Власотинце во Србија. Илиовски, видно задоволен од својот настап и од организацијата, изјави: “Бев добро подготвен, пред се на психички план и уште на тренинзите увидов дека сум побрз од конкуренцијата. Немав проблеми со мотоциклот и постојано бев на првото место и за време на квалификациите. На трката во двете возења го задржав првото место пред Николај Колев (Бугарија), кој ми e и најголем конкурент за титулата. Организацијата беше на високо ниво, патеката беше одлично подготвена и ми одговараше на мојот стил на возење.” Илиоски годинава има 8 победи и 2 втори места и е убедливо водечки во генералниот пласман во класата МХ2, каде води со 244 поени и има убедливи 51 поени предност пред Колев. Истиот поредок е и во МХ2 јуниор. Следниот натпревар е на 4 октомври во Тројан, Бугарија. Извор | |
|