PeLLuCiD_BoY
Број на мислења : 209 Points : 265 Join date : 2009-07-14
| Subject: Ќе премине ли Loeb во F1? Sun Aug 30, 2009 7:14 pm | |
| Неприкосновениот рели шампион, Sebastien Loeb, веќе подолго време е поврзуван со Formula 1, но тој ги отфрлаше сите шпекулации. Сепак, овој пат тој самиот најави можност да седне сам зад управувачот. Екипата со кој е во преговори, е новата USF1. Американскиот тим е расположен да го види токму Loeb во своите редови, нормално сакајќи да привлече многу спонзори и уште во старт да има искусен возач. Французинот неколку пати има возено F1 болид, па тоа за него не би требало да биде ништо ново. “Уживам во рели и на прагот сум на продолжување на договорот со Citroen, но се отворија и можности да настапам и на некои трки во 2010 во Formula 1, па во моментите кога календарите на овие натпреварувања не се поклопуваат, зашто да не го направам тоа.” – изјави легендарниот рели возач, кој со помош на Citroen доминира скоро цела деценија во WRC натпреварувањата. USF1 уште во стартот има големи амбиции во F1 првенството, за што покрај добар болид и организација, ќе им треба и добар возач. Во моментов, се чини дека подобра препорака од Loeb и нема да најдат. Извор | |
|