PeLLuCiD_BoY
Број на мислења : 209 Points : 265 Join date : 2009-07-14
| Subject: Ново, освежено Punto Evo Wed Sep 02, 2009 9:47 am | |
| Punto Evo е името на освежениот и унапреден Grande Punto, модел кој помина со голем успех на европскиот пазар. Покрај козметичките измени, новиот модел ќе има и нови мотори со Multiair технологија. Со редизајнот се опфатени и екстериерот и ентериерот. Надвор, најмногу измени има во предниот дел, каде се забележува поагресивната маска за ладилникот и трепкачите, кои се сместени на предниот дел од браникот. Во задниот дел, стоп светлата добиваат нова графика, а измени има и во браникот, на кој е ставен дополнителен, елегантен дел за заштита. Во внатрешноста, изменета е скоро целата средна конзола, каде сега контролите се многу пологично разместени и вграден е навигациски уред TomTom со екран на допир и Bluetooth конекција. Забележлива е и употребата на многу поквалитетни материјали за предната конзола. Најголемите измени кај новото Punto Evo, се однесуваат на моторизацијата. Сите мотори ќе бидат опремени со Multiair технологијата, која ќе придонесе за 10% зголемена сила, 15% зголемен вртежен момент и 10% намалена потрошувачка и емисија на штетни гасови. Новитет ќе биде и Stop&Start системот, а од идната година во понуда ќе влезат и мотори кои ќе бидат конструирани така да ефективно се движат на плин или природен гас, што е добра вест за нашиот пазар. Овој модел, премиерата ќе ја доживее на саемот во Франкфурт за неколку недели, додека продажбата почнува наскоро после саемот. Извор | |
|
Admin Vip Member
Број на мислења : 563 Points : 1099 Join date : 2009-07-12
| Subject: Re: Ново, освежено Punto Evo Wed Sep 02, 2009 12:46 pm | |
| Wow kolicevo grom e bravo majstore | |
|
PeLLuCiD_BoY
Број на мислења : 209 Points : 265 Join date : 2009-07-14
| Subject: Re: Ново, освежено Punto Evo Wed Sep 02, 2009 6:35 pm | |
| | |
|
Sponsored content
| Subject: Re: Ново, освежено Punto Evo | |
| |
|