Од компанијата Konami решија дека нивната
неодамна добиена лиценца за производство на игра според популарниот
сериал Пила треба конечно да се искористи.
И така дојдоа до оптимистички заклучок дека SAW (Пила), ќе биде одлична можност да се спореди со сериалот Silent Hill.
Иако
можеби некои од вас ќе кажат дека Silent Hill не е повеќе тоа што
некогаш беше, од Konami велат дека играта повеќе оди на психолошкиот
страв додека со SAW, ќе се оди на оној брутален дел од самиот термин
хорор. Значи ќе имаме можност да видиме многу внатрешни органи, крв до
колена и слично.
Велат дека играта едноставно ќе ги
преоптерети нашите сетила, и дека стапиците ќе бидат уште полуди
отколку што се во самиот филм (иако некои ќе бидат директно
пресликани).
Но сево ова дали е вистина или пак само маркетиншки трик ќе имаме можност да видиме дури на почеток на есента.