Asus по најавата на netbook и официјално ја
објави спецификацијата на овие компјутери. Прво што ќе забележите на
овие преносни компјутери е нивниот одличниот надворешен изглед.
Покрај атрактивниот изглед куќиштето е отпорно на гребење.
Eee PC
1008HA пристигнува со 1,66 гигахерцен Atom на Intel N280, гигабајт
работна меморија и екран со дијагонала од десет инчи со резолуција од
1.024х600 пиксели и антирефлектирачки премаз.
Хард-дискот е со
капацитет од 160 GB, траењето на батеријата е декларирано на шест часа
работење. Самиот преносен компјутер пристигнува со Windows XP Home или
Linux.
Вградената тастатура според тврдењата од компанијата
покрива 92% од големината на тастатурата за десктоп компјутер, а
touchpad подржува multitouch контрола.
Вградени се два USB приклучоци, веб камера и читач MMC и SDHC мемориска картичка.
За да останат мали димензиите и тежината са не се зголеми компанијата одлучи да го жртвува оптичкиот погон.
Во Европа Eee PC 1008HA ќе се продава за цена од 570 евра.