Компанијата Asus го претстави својот нов
преносен компјутер наменет за фановите на гејмингот. Оваа машина е
опремена со најновата и најдобрата графичка картичка која (во моментов)
може да се стави во лаптоп.
Наследникот на моделот G71, е наречен G71Gx и спаѓа во најмоќната
конфигурација. Толку е “набиен“ што не знаеме од кај да почнеме.
Екранот
има 17 инчи и резолуција од 1920х1200 пиксели, а гарафичката картичка е
најновиот ѕвер на Nvidia, GTX 260M со еден гигабајт DDR3 RAM меморија.
Во
оваа машина може да се вгради и 12 GB DDR2 RAM меморија како о два
хард-диска со капацитет од 500 GB. Вредно да се спомне е и Blu-ray
читачот како и звучниците од реномираната компанија Altec Lansing.
Цената не ни е позната, но според компонентите кои ги поседува овој лаптоп повеќе од сигурно е дека нема да биде ниска.